24фудбал

Клоп: Јас сум ’Нормалниот’!

Јирген Клоп попладнево беше презентиран како нов менаџер на Ливерпул, стратегот му се претстави на англискиот фудбал како ’Нормалниот’

Англија

Германецот привлече големо внимание кај медиумите од ’Островото’, неговото име беше топ тема изминативе неколку дена, откако Брендан Роџерс на почетокот од оваа недела доби отказ.

Јирген Клоп вчера официјално стави потпис на три годишен договор со ’Црвените’ а попладнево беше преставен на прес конференција.

Во 2004, Жозе Мурињо го имаше својот познат коментар ’Јас сум специјалниот’, па новинарите го запрашаа Јирген Клоп како тој би се опишал себеси.

„Не сакам да се опишувам себеси” – одговори Германецот. „Јас сум многу нормален дечко од Шварцвалд”.

„Па доколку инситирате, ете нека бидам ’Нормалниот’” – прокоментира Клоп со голема насмевка на лицето.