24фудбал

Агуеро се повреди

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро заработи повреда на тетивата за време на квалификацискиот меч помеѓу Аргентина и Еквадор.

Англија
Ѕвездата на Сити кој му даде пет гола на Њукасл заработи повреда во дресот на аргентинската репрезентација.
 
Аргентина синоќа со 2-0 го загуби дуелот со Еквадор. Агуеро нема да биде во комбинација за натпреварот против Парагвај.
 
Точната тежина на повредата ќе се знае по деталниот скен, но првичните прогнози се дека околу еден месец ќе биде надвор од теренот.