24фудбал

Србија во судиското продолжение го замолкна Елбасан! (ВИДЕО)

Со голови на Александар Коларов и Адем Љајиќ, Србија победи на гостувањето кај Албанија со 2-0 во натпреварот кон кој беа вперени сите очи на Балканот.

ЕУРО 2016
По жестоката увертира, Албанија и Србија одиграа мирен натпревар на теренот во Елбасан кој го доби српската репрезентација со два гола во судиското продолжение.
 
Натпреварот во текот на 90. минути беше израмнет со по неколку полушанси на двете страни. Најинтересниот момент се случи во првиот дел кога судијата Рицоли му поништи гол на Адем Љајиќ.
 
И кога се очекуваше дека натпреварот ќе заврши без голови, во 91. минута Коларов постигна гол за голема радост на српските фудбалери во Албанија и водство од 1-0.
 
Албанците фрлија се на една карта, тргнаа со сите сили кон израмнување, таквата ситуација ја искористи Србија и со гол на Адем Љајиќ стави точка на натпреварот за конечни 2-0.
 
За разлика од случувањата на дуелот во Србија, денешниот натпревар во Албанија помина без никакви инциденти на теренот.
 


Aleksandar Kolarov Goal Albania 0 - 1 Serbia... by goals5
Adem Ljajić Goal Albania 0 - 2 Serbia Euro... by goals5