24фудбал

Јирген Клоп е нов менаџер на Ливерпул

Според Скај Германија, Јирген Клоп денеска го потпишал договорот со Ливерпул и повеќе нема дилеми, тој ќе биде новиот предводник на црвените.

Англија
Сеуште нема официјална потврда од клубот, но Скај Германија е медиум кој не греши, според нив работата е готова, Јирген Клоп е новиот менаџер на Ливерпул.
 
Јирген Клоп утре и официјално ќе биде презентиран како нов менаџер на Ливерпул, а официјалната вест за неговото потпишување би можела да биде соопштена уште денеска.
 
Првиот меч на Клоп како менаџер на Ливерпул ќе биде гостувањето кај Тотнем следната сабота.