24фудбал

Гвардиола му дал збор на Манчестер сити

Според пишувањата на Mundo Deportivo, Пеп Гвардиола има вербален договор со Манчестер сити за да го превзеде кормилото на ’Граѓаните’ по крајот на сезоната

Англија

Често се пишува за можноста Пеп Гвардила да седне на жешкото столче на Манчестер сити, а според последните информации, стратегот веќе му кажал ДА на спортскиот директор на клубот од Етихад Стадионот, Чики Бегиристан.

Според денешното издание на Mundo Deportivo, сеуште ништо не е потпишано, и во овој момент има само вербален договор помеѓу двајца добри пријатели.

Весникот пишува дека Пеп тешко го повлекува дадениот збор, но додава дека стратегот би можел да се предомисли доколку Баерн достави понуда што не може да се одбие.

’Баварците’ нема лесно да се откажат од Гвардиола и до последен момент ќе се обидуваат да го убедат стратегот да ја продолжи авантурата во Минхен.