24фудбал

Болт изгуби кладба па облече дрес на Арсенал (ВИДЕО)

Најбрзиот човек на планетата, Јусеин Болт беше принуден да облече дрес на ’Топџиите’ откако изгуби кладба за резултатот на големото дерби помеѓу Арсенал и Манчестер јунајтед

Англија

Атлетичарот од Јамајка е голем фан на ’Црвените Ѓаволи’ и во пресрет на дуелот на Емирати Стадионот се обложил со познатата ТВ водителка од Мексико, Патрисија Лопез де ла Серда дека најтофејниот клуб од Англија ќе стигне до нови три бода.

Сепак, неговиот Манчестер јунајтед беше прегазен и загуби со 3-0, па Јусеин Болт беше приморан да облече дрес на Арсенал.

Добра вест за Болт е тоа што неговиот спонзор Пума сигурно ќе биде задоволен од ваквиот потег, бидејќи компанијата од Германија е спонзор и на ’Топџиите’ и ги изработува дресовите на клубот од Северен Лондон.