24фудбал

30 милиони причини за Роман да не му даде отказ на Мурињо

Медиумите од ’Островото’ пренесуваат дека Челзи ќе треба да му исплати фантастични 30 милиони фунти на Жозе Мурињо доколку стратегот добие отказ

Англија

’Сините’ играат очајно лошо на почетокот од новата сезона, и до овој момент имаат само 8 бода на своето конто.

По изненадувачкиот пораз од Саутемптон во саботата, иднината на Жозе Мурињо беше ставена под знак прашалник.

Сепак, Роман Абрамовиќ и лидерите на Челзи решија да застанат зад стратегот и да му укажат доверба на ’Специјалниот’.

Тие веруваат дека Португалецот е правиот човек за да го врати Челзи на победнички патеки, но зад ваквата одлука можеби се крие и друга причина.

Жозе Мурињо пред два месеци стави потпис на нов четири годишен договор кој му гарантира плата од 8,5 милиони фунти по сезона.

Па доколку тој добие отказ, ’Сините’ ќе треба да му исплатата на ’Специјалниот’ фантастични 30 милиони фунти.