24фудбал

Уште еден фудбалер од Премиерлигата ограбен, Том Клеверли преживеал вистинска драма

Фудбалерот на Евертон, Том Клеверли минатата недела бил ограбен, двајца вооружени крадци му се заканиле на играчот и неговото семејство и заминале со плен вреден 175 000 фунти

Англија

Медиумите од ’Островото’ пренесуват дека немилиот настан се случил во петокот, кога во вечерните часови двајца вооружени крадци со бејзбол палка и пендрак влегле во куќата на Том Клеверли во Манчестер.

Фудбалерот на Астон Вила во тој момент бил во својот дом заедно со сопругата и нивната две годишна ќерка.

Провалниците му се заканиле на Том Клеверли и неговото семејство, побарале од играчот да им каже каде ги чува луксузните работи, и на крајот си заминале со плен вреден 175 000 фунти.

Крадците со себе понеле бразлетна вредна 15 000 фунти, дизајнерска чанта вредна 10 000 фунти, ултра-луксузен часовник вреден 50 000 фунти како и два автомобили вредни по 50 000 фунти.

The Sun, повикувајќи се на извор близок до семејството, пренесува дека Том и неговата сопруга не биле повредени, но биле видно потресени од целиот инцидент, особено поради тоа што нивната две годишна ќерка била со нив.