24фудбал

Анчелоти нема да го прекрши зборот, следната сезона му се враќа на фудбалот

Карло Анчелоти нема намера да го прекине одморот, италијанскиот стратег вели дека следната сезона ќе му се врати на фудбалот со што ги прекина сите шпекулации кои го поврзуваат со Ливерпул.

Англија
Јирген Клоп веројатно ќе биде новиот менаџер на Ливерпул, но како еден од кандидатите се споменуваше и Карло Анчелоти.
 
Анчелоти беше поврзуван и со Рома, но и со Милан откако не му тргна баш најдобро на Синиша Михајловиќ.
 
Сепак Италијанецот ужива во слободното време и нема намера да му се врати на фудбалот до почетокот на идната сезона.
 
„Уживам во моето време во моментов, но се разбира дека ќе се вратам на работата, бидејќи тоа е мојата пасија" - вели Анчелоти.
 
„Сакам да го искористам овој период за да одморам, но следната сезона ќе се вратам".