24фудбал

Фер плеј: Намерно промаши неправилно досуден пенал! (ВИДЕО)

Пример за фер плеј ни доаѓа од азербејџанската лига, напаѓачот на Карабаг во дербито против Интер Баку намерно промаши неоправдано досуден пенал.

Видео
Во финишот од натпреварот, при водство на Карабаг од 0-1, Елвин Мамадов го прескокна голманот на Баку, Гиорги Ломаиа. Судијата покажа на белата точка и му даде црвен картон на домашниот голман. 
 
Напаѓачот на Карабаг сугерираше на судијата дека немало пенал, но тој не ја промени одлуката.
 
Сепак Мамадов покажа дека е вистински фер плеј играч и намерно го промаши пеналот.
 
До последниот свиреж на судијата Карабаг постигна уште еден гол и го доби дербито со 0-2.