24фудбал

Рафа го предизвикува Бензема: Постигни два гола и нема да бидеш заменет

Рафа Бенитез вели дека може да го разбере гневот на Карим Бензема, и го предизвикува напаѓачот да постигнува повеќе погодоци со цел да остане на теренот 90 минути

Шпанија

По дуелот со Атлетико Мадрид, Карим Бензема изрази незадоволство поради тоа што одново мораше да биде повлече од игра во завршните мигови од средбата.

Французинот е во добра голгетерска форма, но и покрај тоа на шест од последните осум натпревари не го дочека последниот свиреж на судијата и беше заменет.

Рафа Бенитез вели дека може да го разбере гневот на Карим Бензема, но во исто време го предизвикува напаѓачот да постигнува повеќе погодоци со цел да остане на теренот 90 минути.

„Имам добар однос со Карим, тој е одличен фудбалер” – вели тренерот на Реал.

„Доколку бев на местото на Бензема, и јас би бил гневен доколку тренерот постојано ме вади од игра и покрај тоа што играм во добра форма”.

„Што би направил друго? Би постигнал два погодоци со цел да останам на теренот до последниот свиреж”.