24фудбал

Рибери се опоравува од повредата со технологија на НАСА

Медиумите од Германија пренесуваат дека Франк Рибери користи опрема на НАСА за што побрзо да се врати на терените

Германија

Французинот, кој е надвор од стројот од март, мака мачи со повредата на скочниот зглоб и во неколку наврати се говореше дека играчот дури размислува и да стави крај на кариерата бидејќи проблемите никако да исчезнат.

Сепак, последните информации велат дека тој е на добар пат да се врати на терените и напорно работи на својот фитнес.

ТВ каналот од Германија, Sport1 пренесува дека Франк Рибери користи специјална антигравитациона лента креирана од НАСА за своите астронаути.

Ваква опрема неодамна користеше дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, а во минатото и Кристијано Роналдо.