24фудбал

Ливерпул избира помеѓу Клоп и Анчелоти

Раководството на Ливерпул стапило во конатакт со претставници на Јирген Клоп и Карло Анчелоти, тие се двајцата најолеми кандидати за наследник на Брендан Роџерс.

Англија
Ливерпул синоќа му врачи отказ на Брендан Роџерс, клубот сега е во потрага по негов наследник и сака да добие нов менаџер колку што е можно побрзо.
 
Скај Спортс информира дека Ливерпул стапил во контакт со претставници на Јирген Клоп и Карло Анчелоти кои во моментов се без работа.
 
Веќе подолго време се шпекулира дека Јирген Клоп ќе биде новиот менаџер на Ливерпул, обложувалниците токму нему му даваат убедливо најмногу шанси.
 
Предноста на Карло Анчелоти е што веќе има искуство во Премиерлигата од деновите кога беше на чело на Челси.