24фудбал

Доријан Бабунски пронајде нов клуб

Македонскиот младински репрезентативец, Доријан Бабунски потпиша за шпанскиот третолигаш Фуенлабрада.

Македонија
Доријан Бабунски конечно пронајде нов клуб откако по завршување на минатата сезона замина од младинската школа на Реал Мадрид.
 
Македонскиот фудбалер во Фуенлабрада доаѓа на барање на тренерот Фернандо Мориентес кој му беше учител на Бабунски и во младинските школи на кралскиот клуб.
 
Фуенлабрада има второлигашки амбиции, а тоа ќе бидат и први натпревари за Бабунски во сениорска конкуренција.