24фудбал

Македонија брза кон дното, пад од 28 позиции на новата ФИФА ранг листа!

Македонската фудбалска репрезентација има вртоглав пад на најновата ФИФА ранг листа, потонавме дури 28 позиции и сега се наоѓаме на 132. место.

Македонија
Срамниот пораз од Луксембург и очекуваниот од Шпанија допринесоа за огромен пад на македонската репрезентација на најновата ранг листа на ФИФА.
 
Македонија сега е на 132. позиција, а пред нас се селекции како Мадагаскар, Куваит, Северна Кореа, Палестина и Кенија, што е доказ дека фудбалот во нашата земја ги достигнува најниските гранки од своето постоење.
 
Во топ десет се Аргентина, Германија, Белгија, Португалија, Колумбија, Шпанија, Бразил, Велс, Чиле и Англија.