24фудбал

Манчестер слави, Англичаните ги добија битките со германските тимови

Манчестер јунајтед со 2-1 го совлада Волфсбург, со истиот резултат Сити славеше на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.

Лига на Шампиони
Англиските екипи ги добија денешните дуели со германските, и синиот и црвениот дел од Манчестер слават победи вечерва.
 
Манчестер јунајтед со пресврт со 2-1 го победи Волфсбург на Олд Трафорд.
 
Германскиот клуб поведе уште во 4. минута со гол на Калигури, Мата од пенал во 34. минута го изедначи резултатот, а по негова фантастична асистенција Смолинг во 53. погоди за комплетен пресврт.
 
И Манчестер Сити со пресврт дојде до триумф од 2-1 на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.
 
Домаќините имаа шанса да поведат уште во 20. минута, но Рафаел промаши пенал. Сепак Менхенгладбах успеа да поведе во 54. минута преку Штиндл.
 
Во 65. минута Кристенсен ја затресе сопствената мрежа за 1-1, а во 90. минута Агуеро реализираше за победа на Сити од 1-2.
 
Реал Мадрид со два голови на Кристијано Роналдо го победи Малме на негов терен со 2-0. На овој дуел Португалецот го постигна својот јубилеен 500. гол во кариерата.
 
Со истиот резултат Јувентус славеше против Севиља со погодоците на Мората и Заза.
 
Изненадување направи Бенфика која со 2-1 победи на гостувањето кај Атлетико Мадрид. Кореа погоди за домаќините, Гаитан и Гуедес ја донесоа победата за португалскиот тим.
 
Најубедлив беше ПСЖ кој со 3-0 победи на гостувањето кај Шахтјор. Орие, Давид Луис и Ибрахимовиќ со помош на Срна беа стрелци на головите.
 
Ефикасно беше на дуелот помеѓу ЦСКА Москва и ПСВ, домаќините славеа со 3-2, Астана и Галатасарај одиграа 2-2.