24фудбал

Рафиња го одби Бразил, сака да игра за Германија

Десниот бек на Баерн Минхен, Рафиња го одби повикот на Дунга и настапот за селекцијата на Бразил, играчот сака да го облече дресот на Германија

ЕУРО 2016

30 годишниот Рафиња се најде на списокот на Дунга за двата квалификациски натпревари за СП 2018 против Чиле и Венецуела.

Сепак, десниот бек реши да го одбие повикот и да не настапи за ’Кариоките’.

Рафиња вели дека не сака да игра бидејќи неколку други играчи се пред него во борбата за место во стартниот тим, но медиумите пренесуваат дека Бразилецот се надева дека наскоро ќе го облече дресот на Германија.

„Не добивам повик редовно” – вели Рафиња. „Не сум прва опција за мојата позиција, морам во предвид да го земам фактот дека други играчи се пред мене”.

Фудбалската Федерација на Бразил ја прифаќа ваквата одлука на Рафиња: „Го почитуваме изборот на играчот, ја цениме неговата искренос па ќе го тргнеме од списокот”.

„ФФБ сака само играчи кои се идентификуваат целосно со работата на националниот тим и нашата филозофија”.

Рафиња има настап за Бразил на пријателски натпревар, а беше и дел од тимот на ’Кариоките’ кои стигна до бронза на Олимписките Игри во Пекинг во 2008, но сеуште нема официјален натпревар.

Тој долго време настапува во Бундеслигата, и неодамна достави барање за Германско државјанство.

Медиумите велат дека Рафиња сака да ги игра за Германија, и во скоро време би можел да го облече дресот на ’Панцирите’.

Актуелниот светски шампион има проблеми со десната бековска позиција по пензионирањето на Филип Лам.