24фудбал

Акинфенва: Ќе го скршам Диего Коста ако имам можност

Најсилниот фудбалер во Англија, играчот на Вимблдон, Адебајо Акинфенва му се закани на Диего Коста дека ќе го скрши доколку се случи некогаш да имаат дуел на теренот.

Англија
Диего Коста ги полни весниците во Англија поради непристојното однесување на мечот против Арсенал во кој испровоцира исклучување на Габриел, а имаше и дуел со Косиелни кој не го забележаа судиите.
 
Најголемиот фудбалер во англиските лиги е добро познатиот Акинфенва, тој вели дека му се допаѓа Коста како фудбалер, но би го „скршил“ доколку влезат во дуел.
 
„Да бидеме реални, ако влезам во пресметка со Диего Коста ќе го скршам. Ми се допаѓа како фудбалер, но е фер плеј играч. А се знае, во тепачка со мене има само еден победник" - изјави Акинфенва.