24фудбал

Ферги работел само со четворица играчи од светска класа

Сер Алекс Фергусон вели дека во неговите 26 години поминати на кормилото на Манчестер јунајтед, соработувал само со четворица играчи од светска класа

Англија

Шкотот, кој освои 13 титули во Премиерлигата и 2 титули во Лигата на Шампионите, очигледно има високи стандарди кога се работи за играчи од светска класа и вели дека единствени кои го заслужуваат овој епитет се Ерик Кантона, Рајан Гигс, Пол Сколс и Кристијано Роналдо.

„Доколку ги читата весниците и ги слушате коментаторите, се чини дека сме преплавени со играчи од светска класа” – вели Ферги.

„Во мојата книга има само двајца играчи од светска класа кои играат во овој момент. Тоа се Лео Меси и Кристијано Роналдо”.

„Не сакам да ги понижувам или пак да ги критикувам големите или многу добрите фудбалери кои играа под мое водство во Манчестер јунајтед, но само четворица беа играчи од светска класа”.

„Тоа се Кантона, Гигс, Роналдо и Сколс”.

„Од овие четворица Кристијано беше како ѕвезда на врвот на новогодишна елка”.