24фудбал

ФФМ ги одреди цените на влезниците за дуелот Македонија - Украина

Влезниците за квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија и Украина кој се игра на 9. октормви, ќе чинат од 100 до 400 денари.

Македонија
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 21. септември, а до 30. септември ќе можат да се купат по промотивна цена од 100 и 200 денари за јужна трибина (100 и 200 денари), источна и западна трибина (100 денари). Влезниците за северната трибина чинат од 100 до 400 денари.
 
По срамот против Луксембург и поразот од Шпанија, македонската фудбалска репрезентација ќе се обиде да го поправи впечатокот на последните два квалификациски дуели. На 9. октомври играме против Украина во Скопје, а на 12. октомври и гостуваме на селекцијата на Белорусија.