24фудбал

Динамо Загреб го изненади Арсенал, Рома и Барселона одиграа нерешено

Динамо Загреб и Адеми го победија Арсенал со 2-1, во дербито на Олимпико Рома и Барселона ги поделија бодовите играјќи нерешено 1-1, Челси со 4-0 го победи Макаби Тел Авив.

Лига на Шампиони
Арсенал влезе како фаворит во дуелот против Динамо Загреб, но хрватскиот шампион се радува на победата.
 
Резултатот беше отворен во 24. минута со гол на Пивариќ, а трагичар на Арсенал беше Жиру кој заработи втор жолт картон пред крајот на првиот дел.
 
Динамо ја искористи предноста со фудбалер повеќе и во 58. зголеми на 2-0. Арсенал пред крајот на мечот успеа само да ублажи на 2-1.
 
Рома и Барселона одиграа нерешено на Олимпико 1-1. Барса поведе со гол на Суарез, а Флоренци со погодок од огромна далечина го матираше Тер Штеген за реми.
 
Челзи конечно најде противник за да победи, сините го торпедираа Макаби Тел Авив со 4-0.
 
Ноќна не почна добро за Челзи, Азар промаши пенал, но брзо потоа Вилијан донесе водство со гол од слободен удар.
 
Во продолжението погодија Оскар, Коста и Фабрегас за убедлива победа пред дербито против Арсенал.
 
Во другите денешни натпревари Валенсија на свој терен беше поразена од Зенит со 3-2, Баерн со убедливи 3-0 победи кај Олимпијакос, Леверкузен со 4-1 славеше над БАТЕ, Гент и Лион одиграа нерешено 1-1, со реми заврши и дуелот помеѓу Динамо Киев и Порто 2-2.