24фудбал

Црн ден за Манчестер во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Јувентус со 2-1 победи на гостувањето кај Манчестер Сити, не помина подобро ниту Јунајтед кој со истиот резултат загуби на гостувањето кај ПСВ, Реал Мадрид со убедливи 4-0 го прегази Шахтјор.

Лига на Шампиони
Англиските екипи лошо ја отворија и оваа сезона во Лигата на шампионите. Јувентус кој има лош старт на сезоната во Серија А, го победи Сити во Манчестер со 2-1.
 
Резултатот беше отворен со автогол на Киелини во 57. минута, но брзо следуваше пресврт, Манџукиќ и Мората реализираа за голема победа на италијанскиот тим.
 
Манчестер Јунајтед со 2-1 загуби на гостувањето кај ПСВ кое помина во сенка на хорор повредата на Лук Шо кој заработи скршеница на ногата по која веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.
 
Јунајтед поведе со гол на Депај во 41. минута, поранешниот играч на ПСВ реализираше против своите, но потоа со погодоци на Морено и Нарсинг холандскиот тим дојде до победа и важни три бода на стартот.
 
Реал Мадрид со убедливи 4-0 го совлада Шахтјор, Роналдо постигна хет-трик, а два од трите гола ги реализираше од пенал. Резултатот го отвори Бензема.
 
Славеше и вториот тим од Мадрид, со два гола на Гризман, Атлетико со 2-0 победи на гостувањето кај Галатасарај.
 
Севиља со одлично второ полувреме го совлада Менхенгладбах со убедливи 3-0. Гамеиро, Банега и Конопјанка беа стрелци на погодоците.
 
ПСЖ со 2-0 го победи Малме. Ди Марија и Кавани погодија за лесен триумф на францускиот тим.
 
Волфсбург со голот на новото засилување Дракслер ја победи ЦСКА со 1-0, Бенфика со 2-0 беше подобра од Астана.
 


PSV 2 - 1 Manchester United All Goals and... by funnyno1