24фудбал

Руни го пропушта дуелот со ПСВ

Поради повреда, Вејн Руни нема да биде во комбинација за воведниот натпревар на Манчестер јунајтед од групната фаза во Лигата на Шампионите против ПСВ

Лига на Шампиони

29 годишниот напаѓач беше изоставен од тимот за дербито со Ливерпул во саботата откако на тренинг минатата недела се пожалил на болки во задната ложа.

Луј ван Гал не сака да ризикува со својот капитен, па Вејн Руни нема да биде во комбинација ниту за утрешниот дуел со ПСВ во Лигата на Шампионите.

Репрезентативецот на Англија не се најде на списокот со играчи кои денеска ќе отпатуваат за Ајндховен.