24фудбал

Капело: Дуелот со Сити е важен тест за Погба

Поранешниот тренер на Јувентус, Фабио Капело вели дека Пол Погба треба да истапи и да одигра на високо ниво на дуелот со Манчестер сити во Лигата на Шампионите

Лига на Шампиони

Артуро Видал и Андреа Пирло заминаа од Торино ова лето, а Клаудио Маркисио и новото засилување Сами Кедира се повредени, па Пол Погба треба да биде главен играч на Јувентус во средниот ред.

Французинот не игра на потребното ниво на воведните натпревари од Серија А, па Фабио Капело вели дека дуелот со Манчестер сити во Лигата на Шампионите ќе биде важен тест.

„Погба треба да одигра на високо ниво” – вели Капело. „Интересен ќе биде неговиот дуел со Јаја Туре, кој е незапирлив доколку игра онака како што умее”.

„Пол има потенцијал да биде супер фудбалер, но сега го има воланот во раце и треба да покаже дека е способен да вози”.

„Средбата со Манчестер сити ќе биде важен тест за него, но исто така и за Јувентус”.

„’Бјанконерите’ лошо ја започнаа новата сезона во Серија А, но до крајот има уште многу и Лигата на Шампионите е сосема друго натпреварување”.

„Има време за Јуве да се врати на прав пат, и ми се чини дека тимот на Алегри и понатаму е мноту силен”.

„Дуелот со Манчестер сити ќе биде многу важен од психолошка гледна точка. Победа ќе биде големо достигнување”.