24фудбал

По победата над Менхенгладбах фудбалерите на Хамбургер тренираа во 5 часот наутро!

Фудбалерите на Хамбургер убедливо со 3-0 победија на гостувањето кај Борусија Менхенглабах, наместо награда добија тренинг во пет ипол часот наутро.

Германија
Играчите на Хамбургер направија големо изненадување совладувајќи го учесникот во Лигата на шампионите, Менхенгладбах на негов терен со убедливи 3-0.
 
По таков успех во другите клубови играчите обично добиваат слободни денови или можност за излегување навечер, но во Хамбургер добија утрински тренинг.
 
Од Менхенгладбах до Хамбург тимот се враќал со автобус по пат долг 429 километри. Пристигнале рано наутро по што одработиле тренинг пред да заминат на спиење.
 
„Секако дека не се работи за казна. Играчите не би имале правилен сон доколку легнеа веднаш ова време. Вака утрото го искористивме за лесен тренинг, па момците ќе имаат слободен викенд" - изјави тренерот Бруно Лабадија.