24фудбал

Зајков е нов фудбалер на Шарлероа

Македонскиот фудбалер, Ѓоко Зајков ќе го носи дресот на белгискиот клуб Шарлероа откако потпиша на едногодишна позајмица од Рен.

Македонија
Зајков не успеа да се избори за место во составот на Рен, па мораше да замине на позајмица. Потрагата по нов клуб заврши, Македонецот потпиша за Шарлероа.
 
Белгискиот клуб денеска и официјално го потврди трансферот на Зајков кој во Шарлероа ќе игра на едногодишна позајмица.
 
Покрај Зајков оваа сезона во белгиската прва лига настапуваа Јован Костовски и Бесарт Абдурахими.
 
20-годишниот централен дефанзивец е на списокот на селекторот Благоја Милевски, за престојните дуели на младата репрезентација со Украина и Австралија.