24фудбал

Откако не успеа да го ангажира Бензема, Арсенал тргнува по Кавани

Арсенал во последните денови од преодниот рок ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани.

Англија
На Арсенал очајно му е потребен нов напаѓач, тоа добро се виде и на синоќешниот дерби натпревар против Ливерпул кој заврши 0-0.
 
Силно се шпекулираше дека Бензема ќе биде изборот на Венгер, но Реал Мадрид не сака ни да слушне за негова продажба, а синоќа самиот фудбалер потврди дека останува на Бернабеу.
 
Откако не успеа во мисијата за Бензема, Венгер тргнува по Кавани иако и тука нема да биде едноставно.
 
Првичниот став на ПСЖ е дека Кавани не е на продажба, но Арсенал со богата понуда се надева дека ќе го промени размислувањето на францускиот клуб.
 
Неизвесна е и иднината Ибрахимовиќ, доколку тој замине од ПСЖ, Кавани и дефинитивно нема да биде продаден, со евентуалното останување на Швеѓанецот, уругвајскиот напаѓач би можел да добие зелено светло за трансфер.