24фудбал

Чех конечно ја покажа својата големина, Арсенал и Ливерпул одиграа без голови

Арсенал и Ливерпул одиграа вистинско дерби со многу шанси, но без голови, Чех и Миноље ја имаа главната улога.

Англија
По едно полувреме им припадна и на двата тима, Ливерпул ја имаше доминацијата во првиот дел, Арсенал беше подобар во второто полувреме.
 
Кутуњо еднаш ја погоди и пречката и стативата од голот на Петр Чех кој имаше неколку фантастични интервенции и конечно во третото коло покажа зошто е донесен во Арсенал.
 
Откако се спаси во првото полувреме, Арсенал заигра многу подобро во вториот дел, сега стативата беше сојузник и на Мињоле кој исто така имаше одлични интервенции.