24фудбал

Бензема ги разочара фановите на Арсенал: Реал Мадрид е мојот дом!

Карим Бензема конечно излезе со изјава за неговата иднина, на разочарување на фановите на Арсенал, тој потврди дека останува во Реал Мадрид.

Шпанија
Во изминатиот период многу се шпекулираше дека Арсенал ќе успее да го ангажира Карим Бензема од Реал Мадрид.
 
Но сите надежи на фановите на Арсенал дека ќе го видат Бензема во својот клуб беа срушени денеска.
 
„За сите оние кловнови кои сакаа да ги вознемират моите фанови. Ова е мојот дом!" - напиша Бензема на својот твитер профил облечен во дресот на Реал Мадрид.