24фудбал

МТВ обезбеди пренос од натпреварот Рубин Казан - Работнички! (ФОТО)

МТВ ги откупи правата за натпреварот помеѓу Рубин Казан и Работнички, директен пренос ќе има во четврток со почеток од 18:00 часот.

Македонија
Бурни беа реакциите на јавноста поради немањето директни преноси од натпреварите на Работнички во квалификациите од Лига Европа.
 
Конечно, пошироката јавност во Македонија за прв пат оваа сезона ќе има можност да го види Работнички низ директен ТВ пренос, МТВ ги откупи правата за реваншот против Рубин Казан.
 
Добрите вести ги потврди уредникот на спортската редакција на МТВ, Тони Стојановски преку својот фејсбук профил: