Кратко траеше љубовта: Злате Моравче му врачи отказ на Ѓуровски
Раководството на Злате Моравче немаше многу трпение, по само шест одиграни кола му врачи отказ на македонскиот тренер, Милко Ѓуровски.
По шест одиграни кола во Словачкото првенство, Злате Моравче е на претпоследната позиција со четири освоени бода.
Тимот во изминатото коло ја забележа првата победа оваа сезона, но тоа не му помогна на Ѓуровски, раководството се одлучи за разделба.
„Моравме да реагираме, не бевме задоволни од резултатите, ниту од играта на тимот" - изјавија од словачкиот клуб.