24фудбал

Официјално: Педро потпиша за Челзи

Педро и официјално е ново засилување на Челзи откако денеска стави потпис на договор со англискиот тим.

Англија
Челзи денеска го потврди трансферот на Педро од Барселона, шпанскиот фудбалер потпиша за англискиот шампион.
 
„Фудбалскиот клуб Челзи со задоволство може да објави дека потпиша со Педро од Барселона" - стои во соопштението на клубот.
 
Задоволство од договорот искажа и самиот фудбалер.
 
„Многу сум среќен што сум тука. Возбуден сум што почнувам нова авантура во Челзи, тука сум да освојувам титули" - вели Педро.
 
„Му благодарам на клубот и на навивачите што ми ја дадоа можноста да го облечам синиот дрес".