24фудбал

Јуве со нова понуда за Дракслер

Медиумите од Италија пренесуваат дека ’Старата Дама’ испратила нова понуда за услугите на Јулијан Дракслер од Шалке

Италија

’Бјанконерите’ се во потрага на ’треквартиста’, на листата со желби има неколку играчи, а името на Јулијан Дракслер е на врвот.

Јувентус веќе имаше еден неуспешен обид да го ангажира репрезентативецот на ’Панцирите’, а од таборот на Шалке порачаа ’Старата Дама’ што поскоро да достави нов предлог доколку сака да стигне до потписот на фудбалерот.

Медиумите од Италија пренесуваат дека Јувентус го сторил токму тоа и испратил подобрена понуда вредна 20 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.

Gazzetta dello Sport пренесува дека лидерите на Шалке не се премногу импресионирани ниту со овој предлог, клубот од Гелзенкирхен преферира 30 милиони евра однапред, но бидејќи играчот сака трансфер во Јувентус, ќе ја разгледаат новата понуда.

Tuttosport исто така пишува за новата понуда на Јувентус за услугите на Дракслер, но според весникот од Торино, шампионот на Италија понудил 18 милиони евра плус додатни 9 милиони во бонуси.