24фудбал

Берлускони: Ибра ќе се врати во Милан ако замине од ПСЖ

Сопственикот на Милан, Силвио Берлускони открива дека Златан Ибрахимовиќ им дал ветување дека ќе се врати на Сан Сиро ако ова лето ја прекине соработката со ПСЖ

Италија

Швеѓанецот е обврзан кон ’Светците’ до 30. јуни 2016 и често се пишува за негово заминување од Паркот на Принцовите.

Интерес за напаѓачот пројавуваат неколку клубови, а името на Златан Ибрахимовиќ често се поврзува со Милан.

Сопственикот на ’Росоњерите’, Силвио Берлускони сега открива дека популарниот ’Ибракадабра’ им дал ветување дека ќе се врати на Сан Сиро ако ова лето ја прекине соработката со ПСЖ.

„Ибра има тежок престој во Франција” – вели првиот човек на Милан. „Неговите изјави предизвикаа негативни реакции кај францускиот народ”.

„Го имаме неговиот збор, тој вети дека ќе се врати на Сан Сиро доколку ја прекине соработката со ПСЖ”.

Ова лето Милан одново го одврза ќесето и инвестираше во засилување на тимот.

„Одлучив да инвестирам бидејќи мораме да се вратиме на славните денови од минатото”.

„Сакаме да го вратиме Милан во Лигата на Шампионите”.