Категорија: Германија 12.08.2015 12:47
Пеп Гвардиола е голем фан на играта на 19 годишниот Французин, ’Баварците’ доставија неколку понуди, последната вредна 15 милиони евра, но Јувентус не сака да слушне за продажба на офанзивниот фудбалер.
Во разговор со Sport Bild, новото засилување на Баерн, Артуро Видал упати многу пофални зборови за својот поранешен соиграч, и го повика Кингсли Коман да му се придружи на Алианц Арена.
„Кингсли не само што е млад, тој исто така е квалитетен и многу брз играч” – вели Видал.
„Коман има светла иднина. Ќе биде одлично засилување за Баерн доколку ме следи во Минхен”.