24фудбал

Каков идиот: Ромањоли ги провоцира фановите на Рома со дрес од Лацио! (ФОТО)

Пред заминувањето во Милан, Ромањоли ги испровоцира фановите на Рома со дрес од лутиот градски ривал, Лацио, чин кој може скапо да го чини младиот фудбалер.

Италија
20-годишниот фудбалер од Рома се сели во Милан за сума од 30 милиони евра, а пред да го направи тоа ги испровоцира веќе своите поранешни фанови.
 
Ромањоли објави фотографија со иронична насмевка и дрес на лутиот градски ривал Лацио.
 
Јасно е дека фудбалерот не одбра многу паметен начин за збогување со фановите на Рома, гест кој тие нема да му го заборават и сигурно ќе му приредат посебно добредојде кога со Милан ќе пристигне на Олимпико.