24фудбал

Извлечени двојките за плеј-офот од Лигата на Шампионите

Лацио против Баер Леверкузен и Валенсија против Монако се најатрактивните дуели од последното квалификациско коло во најелитното европско натпреварување

Лига на Шампиони

Во Нион денеска беа извлечени двојките за плеј-офот од Лигата на Шампионите.

Најатрактивни се дуелите помеѓу преставниците од Италија и Германија, Лацио и Баер Леверкузен, како и великаните од Шпанија и Франција, Валенсија и Монако.

Најзвучното име во ждрепката, Манчестер јунајтед доби релативно лесен противник во името на Клуб Бриж.

Рута на Шампиони:

Астана – АПОЕЛ

Скендербег – Динамо Загреб

Селтик – Малме

Базел – Макаби Тел Авив

БАТЕ – Партизан

Лига Рута:

Лацио – Баер Леверкузен

Манчестер јунајтед – Клуб Бриж

Спортинг – ЦСКА Москва

Рапид Виена – Шахтјор Доњецк

Валенсија - Монако