24фудбал

УЕФА го скрати списокот, шест можни противници за Работнички

УЕФА ја скрати листата на можни противници, Работнички се најде во групата 3 од каде што може да ги добие, Фенербахче, Бордо, Салцбург...

Лига Европа
Работнички денеска ќе го дознае противникот во последното квалификациско коло за пласман во групната фаза од Лига Европа.
 
Романтичарите нема да добијат супер атрактивен противник, но ќе играат против силни екипи.
 
Можни противници на Работнички во следното коло се: Рубин Казан, Салцбург, Фенербахче, Бордо, Лех Познан и Либерец.
 
Ждрепката започнува од 13 часот.