24фудбал

Романтична приказна во Трабзон, Работнички го сруши големиот противник! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Работнички одиграа одличен меч во Турција, храбро, пожртвувано, со срце се бореа против големиот противник и го легнаа на колена. Романтична приказна од Трабзон.

Македонија
Работнички направи голем успех елиминирајќи го Трабзонспор, по 120 минути игра од кои дури 55 играа со фудбалер помалку натпреварот заврши 1-1, а херој на македонскиот тим беше Маркоски кој реализираше во 112. минута.
 
Работнички почна одлично од самиот почеток. Уште во 10. минута Анене имаше фантастична шанса но наместо да проигра одлучи да шутира и згреши.
 
Првиот дел помина во рамноправна игра. Во вториот дел Трабзонспор го зголеми притисокот и тоа резултираше со погодок на Јокуслу во 55. минута.
 
Десет минути подоцна Трајчевски заработи втор жолт картон и во тие моменти се чинеше дека Работнички полека ја губи битката.
 
Но избраниците на Игор Ангеловски продолжија со пожртвуваната игра и до крајот на натпреварот воопшто не се примети дека нашиот тим игра со фудбалер помалку.
 
Пред самиот крај, во 92. минута Алтипармаковски ја погоди пречката од голот на Трабзон, пропуштивме шанса да се радуваме уште во регуларниот дел.
 
Но тоа се случи во продолжението, по еден прекрасен центаршут од средината на теренот на Илиевски, Маркоски со глава реализираше за огромна радост на Работнички и елиминација на големиот противник.
 
Најуспешниот македонски претставник во Европа, има уште еден натпревар до фазата по групи, протвникот ќе биде познат по утрешната ждрепка, но со ваква игра шансите постојат против било кој тим.