24фудбал

Ромеро: Головите се моја обврска, сакам да бидам најдобар стрелец

Вардар доби големо засилување во 25-годишниот мексикански фудбалер, Цезар Ромеро кој минатата сезона беше најдобар стрелец во Ерменија.

Македонија
Вардар го доби и осмото засилување во летниот преоден рок откако Цезар Ромеро стави потпис на едно годишен договор со можност за продолжување на соработката.
 
Мексиканскиот фудбалер минатата сезона во дресот на Пјуник беше најдобар стрелец во ерменското првенство и на својот тим му ја донесе шампионската титула. Ромеро сака слична приказна и со Вардар.
 
„Мило ми е што дојдов во Вардар. За клубот не знаев речиси ништо, меѓутоа ми кажаа за амбициите и за желбите. Се надевам дека заедно ќе ги оствариме“ - изјави Ромеро за официјалната страна на Вардар.
 
„Лани дадов 26 голови на 21 натпревар, и бев прв стрелец во Ерменија. Сега сакам да бидам прв стрелец и во Македонија. Секако со повеќе голови кои се моја работа и моја обврска“.
 
Ромеро знае дека од Вардар постојано се бара да победува и да освојува титули.
 
„Да, добро го знам тоа. Ми го кажаа кога се договоравме со екипата дека од Вардар се бараат трите титули во идниот шампионат и дека на секој натпревар тимот оди на победа. Тоа и јас го посакувам, да победувам, да славам. Да постигнувам што повеќе голови и се надевам дека ќе ја оправдам довербата која ми је укажана да бидам дел од оваа екипа. И она што е најважно Вардар да победува и да дојде до сите трофеи“