24фудбал

Работнички со 1-0 славеше над Трабзон (ВИДЕО)

’Романтичарите’ со предност од еден гол ќе патуваат следната недела на гостувањето во Турција, вечерва Работнички славеше со 1-0 над Трабзон

Македонија

Клубот од Дебар Маало продолжува со добрите игри пред своите фанови во Лига Европа.

Трабзон важеше за фаворит во пресрет на дуелот, но Работнички вечерва одново одигра храбро и заслужено стигна до минимална победа.

Јунак на ’Романтичарите’ е капитенот Баже Илијоски, кој стрелаше прецизно во 23. минута.

Напаѓачот доби одлична топка во празно од Вујчиќ, излезе сам пред голманот и рутински го матираше Угурчан за предност од 1-0.