Категорија: Англија 30.07.2015 13:25
Лоши вести за Челзи, клубот од Стемфорд Бриџ добива сериозна конкуренција во обидот да стигне до услугите на Џон Стоунс од Евертон.
Денешното издание на Daily Mirror пренесува дека во трката се приклучува Манчестер сити.
Весникот пишува дека ’Граѓаните’ преферираат младиот дефанзивец да има уште една цела сезона како првотимец на Гудисон Парк, но поради интересот на Челзи, подготвени се уште сега да наддаваат за играчот.
Според The Guardian, Џон Стоунс исто така е на листата со желби и на Манчестер јунајтед.
’Црвените Ѓаволи’ преку посредници го известиле Англичанецот дека сакаат да го ангажираат, но сеуште немаат доставено формална понуда.
До овој момент, Челзи достави две понуди за 21 годишниот репрезентативец на ’Гордиот Албион’, последната вредна 25 милиони фунти, но Евертон одовори негативно.