24фудбал

Волфзбург не сака трампа Де Брујне-Геце

Спортскиот директор на ’Волците’, Клаус Алофс не е заинтересиран за трампа со Баерн Минхен во која ќе бидат инволвирани Кевин Де Брујне и Марио Геце

Германија

Репрезентативецот на Германија не успева да прикаже што умее на Алианц Арена па често се говори дека ќе ја промени средината.

Последните шпекулации велат дека Марио Геце би можел да се пресели во Волфзбург како дел од трансферот на Кевин Де Брујне во Баерн Минхен.

Сепак, од таборот на ’Волците’ порачуваат дека не се заинтересирани за една ваква зделка.

„Не секогаш има логика во трампата на играчи” – вели спортскиот директор Клаус Алофс во разговор со Kicker.

„Геце располага со голем квалитет, го покажа тоа во Борусија Дортмунд и репрезентацијата на Германија. Сеуште треба да покаже што умее во дресот на Баерн”.

„Но не размислувам за трампа на ниту еден наш играч. Задоволни сме со работите како што се во моментов”.