24фудбал

Галијани: Мојата најголема грешка е заминувањето на Пирло

Генералниот извршен директор на Милан, Адриано Галијани признава дека направил голема грешка кога му дозволил на Андреа Пирло да замине од Сан Сиро во 2011

Италија

Андреа Прило не беше дел од плановите на тогашниот тренер на ’Росоњерите’, Масимо Алегри, па како слободен играч се пресели во Јувентус.

Италијанецот за кратко време се наметна како клучен играч на ’Старата Дама’ и даде голем допринос во освојување на четири последователни Скудета.

Во разговор со Gazzetta dello Sport, трансфер гуруто на Милан, Адриано Галијани сега признава дека направил голема грешка кога му дозволил на Андреа Пирло да замине од Сан Сиро.

„Најголемата грешка што сум ја направил на трансфер пазарот е тоа што му дозволив на Андреа Пирло да замине” – вели Галијани.

„Иако грешката е моја, одлуката ја донесовме неколку луѓе. Но нема да откривам имиња”.