24фудбал

Меси и Маскерано го скратија одморот и предвреме се вратија на тренинг

Аргентинското дуо на Барселона, Лео Меси и Хавиер Маскерано одлучија речиси една недела предвреме да се вратат на тренинг

Шпанија

По настапот во финалето на Копа Америка, Лео Меси и неговиот сонародник Хавиер Маскерано добија еден месец одмор и требаше да пристигнат во Барселона на 5. август.

Но репрезентативеците на Аргентина решиле пред време да се приклучат на подготовките за новата сезона, па утрово на големо изненадување се појавиле во тренинг комплекост на Барса на лекарски прегледи.

Лео Меси и Хавиер Маскерано сакаат да влезат во форма пред првите официјални натпревари оваа сезона, односно Суперкупот на Европа и Суперкупот на Шпанија.

Утрово на лекарски прегледи пристигнаа и Нејмар и Алвес, Бразилците исто така имаа продолжен одмор по настапот на Копа Америка.