24фудбал

Ван Гал не знае каде е Ди Марија

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Луј ван Гал вели дека не знае каде е Анхел Ди Марија; неговиот колега Лоран Блан најавува дека Аргентинецот е на чекор до трансфер во ПСЖ

Англија

Репрезентативецот на ’Гаучосите’ минатата сабота требаше да им се приклучи на ’Црвените Ѓаволи’ на турнејата во САД, но тој го пропушти летот и не се појави во Калифорнија.

ПСЖ се обидува да стигне до потписот на Анхел Ди Марија, па очигледно играчот сака да изврши притисок врз лидерите на Манчестер јунајтед за зделката што поскоро да се комплетира.

„Не знам каде е Ди Марија” – рече Луј ван Гал утрово по финишот на пријателскиот натпревар помеѓу Манчестер јунајтед и ПСЖ.

„Можете да го поставувате ова прашање колку сакате, но немам одговор”.

„Можеби вие знаете? Јас не знам”.

Тренерот на ПСЖ, Лоран Блак пак најави дека Аргентинецот е на чекор до трансфер на Паркот на Принцовите.

„Манчестер јунајтед и ПСЖ се два големи клуба па преговорите знаат да бидат комплицирани” – вели Блан.

„Но блиску сме до крајот”.