24фудбал

Marca: Рамос во Реал до 2020

Шпанскиот весник Marca вечерва пренесе дека Серхио Рамос и Реал Мадрид постигнале согласност за нов пет годишен договор

Шпанија

Со месеци се говореше дека Серхио Рамос не е во добар однос со претседателот Флорентино Перез, па дефанзивецот изразил желба да замине од Сантијаго Бернабеу ова лето.


Манчестер јунајтед достави две понуди, но ’Кралевите’ не сакаа да слушнат за продажба на својот капитен.

На почетокот од оваа недела, Серхио Рамос се сретна со Флорентино Перез во Кина, а по состанокот медиумите пренесоа дека двајцата успеале да ги надминат проблемите и да ги закопаат завојуваните секири.

Шпанскиот весник Marca сега вели дека Серхио Рамос и Реал Мадрид си подале и рака за нов договор со трајност до 2020.

Весникот вечерва пренесе дека дефанзивецот прифатил годишна плата од речиси 9 милиони евра по сезона плус бонуси.

Официјална потврда за новиот договор ќе пристигне пред стартот на новата сезона.