24фудбал

Беше само прашање на време, Мурињо и одговори на сопругата на Бенитез

Жозе Мурињо во свој стил и одговори на сопругата на Рафа Бенитез, Португалецот и порача дека треба помалку да зборува и повеќе да се грижи нејзиниот сопруг да ослабе

Англија

Сопругата на тренерот на Реал Мадрид неодамна разговараше со медиумите од Шпанија за кои истакна дека Рафа Бенитез постојано ги решава проблемите оставени од Жозе Мурињо.

’Специјалниот’ кој никогаш немал добар однос со Рафа Бенитез, не можеше да се воздрижи, па по дуелот помеѓу Челзи и Барселона одигран утрово и порача на Монтсерат Сеара помалку да зборува и повеќе да се грижи нејзиниот сопруг да ослабе.

„Со почит кон госпоѓата, но таа е малку збунета” – рече Жозе Мурињо.

„Не се смеам, бидејќи нејзиниот сопруг во Челзи го наследи Роберто Ди Матео а во Реал Мадрид го наследи Карло Анчелоти”.

„Единствен клуб во кој нејзиниот сопруг ме наследи беше Интер, каде за шест месеци го уништи најдобриот тим во Европа во тоа време”.

„За таа да мисли на мене и да говори за мене, очигледно има слободно време и треба да си најде окупација”.

„Доколку се грижи за диетата на нејзиниот сопруг ќе има помалку време да зборува за мене”.