24фудбал

Бразилецот Фред позитивен на допинг тест на Копа Америка

Фудбалерот на Шахтјор Доњецк, Фред Родригес бил позитивен на топинг тест направен минатиот месец на Копа Америка

Јужна Америка

Според медиумите од Бразил, во урината на играчот, допинг комисијата пронашла диуретик хидрохлоротиазид, супстанца која е забранета и често се користи за да прикрие други супстанци.

Се најавува дека резултатите од вториот примерок ќе бидат познати денеска, а доколку и овој тест е позитивен, Фред го чека долга суспензија.

22 годишниот фудбалер од средниот ред на Шахтјор доби повик за настап на Копа Америка како замена за Луиз Густаво, кој се повреди пред почетокот на првенството.

Тој беше стартер на првите два натпревари против Перу и Колумбија но потоа Дунга го префрли на клупата за резерви, и не му укажа шанса на преостанатите две средби.