24фудбал

’Специјалниот’ во елемент: Венгер не троши? Земете калкулатор

Жозе Мурињо ја започна психолошката војна со својот колега од Арсенал, ’Специјалниот’ вели дека и Арсенал троши голема сума на пари за засилување на тимот

Англија

’Топџиите’ важат за клуб кој премногу не се разфрла со пари, а Арсен Венгер преферира да развива млади таленти отколку да ангажира супер-ѕвезди.

Но Жозе Мурињо вели дека сите ќе бидат изненадени доколку се направи пресметка колку пари Арсен Венгер има потрошено за засилување на тимот.

„Доколку пресметата колкава сума е потрошена во последните три или четири години, мислам дека ќе пронајдете неколку изненадувачки факти” – вели менаџерот на Челзи.

„Доколку ги соберете сумите потрошени за Озил, Алексис Санчез, Чемберс и Дебуши, ќе бидете изненадени”.

„Арсенал има фантастичен состав со добри играчи, фантастичен голман, па тие се повеќе од подготвени да се борат за титулата”.

„Земете калкулатор. Тоа е најлесно, не остава простор за шпекулации. Доколку саката да бидете искрени, објективни и реални, тоа е најлесната работа што може да ја направи некој менаџер или вие новинарите”.